ЧЕСТИ ПРАШАЊА  
 
  КАКО ДО МАКЕДОНИЈА  
 
  КОРИСНИ ЛИНКОВИ  
 
  АНКЕТА
Кога последен пат го посетивте Охрид?
Во последниов месец
Ова лето
Пред неколку години
Никогаш

 
 
 
 

БР. 4 АВГУСТ - СЕПТЕМВРИ

СВЕТОТ САКА ПОБРГУ, ПОСИЛНО, ПОДАЛЕКУ
Атлетиката, дисциплина карактеристична за античката грчка култура, првпат се појавила во праисторијата, многу векови пред официјалното установување на Олимписките игри. Историчарите на олимпизмот со сигурност тврдат дека корените на организираните игри и на олимпискиот идеал датираат многу порано од 776 година пред нашата ера, која е официјална година на раѓањето на Олимписките игри.
Првите атлетски вежби се одржале во Минојски Крит во вториот милениум пред нашата ера и со тек на времето еволуирале во - Олимписки игри. Спортовите што се појавиле во предисториска Грција, се чини, имале свои претходници во источните цивилизации, пред сe, во Египет, во третиот милениум пред нашата ера…
ТЕРАКОТНИТЕ ДАВИДОВИ ПСАЛМИ
Керамичките релјефи од Виница спаѓаат во редот на најавтентичните и оригинални откритија на почвата на Македонија, инаку мошне богата по исклучителните остатоци од материјалната култура од повеќемилениумското историско минато на оваа територија. Овие теракотни плочи, често нарекувани икони според содржината на претставите, според многу работи се исклучителни. Рустикални во својата изведба, концизни во своите прикази, тие претставуваат сублимирани пораки за најраните христијански догми, изведени во еден досега невиден аранжман. Автентичноста на овие археолошки откритија се состои и од фактот што виничките релјефи претставуваат едиствена целина од ранохристијанскиот период во Македонија, која во себе вклучува антропоморфни прикази…
РИБАРСКА ЛУЛКА СО ЛЕКОВИТА МОЌ

Утрински крајезерски прошетки по песочната плажа, сончање и пливање во најтоплите води на јужниот дел од земјава, кои од другата страна ги заплискуваат и грчките брегови, дегустирање на домашните специјалитети и посебниот вкус на дојранскиот крап, уживање во езерската тишина, спортување на крајбрежјето и кампување под крошните на столетните дрвја, се само дел од благодетите што ги нуди едно од трите природни реткости во земјава - Дојранско Езеро. Покрај западниот брег на езерото се наоѓаат двете рибарски населби Стар и Нов Дојран, кои с# повеќе се доближуваат една до друга правејќи природен спој. Сместен во југоисточниот дел на земјава, дојранскиот крај со години беше вистинска атракција за посетителите …

ВТОР ПОБЕДОНОСЕН ИЛИНДЕН

- Во овој миг, во ова историско место - “Св. Отец Прохор Пчињски” и на овој историски ден - Илинден, кога објавувам да е отворено Првото антифашистичко собрание на народното ослободуење на Македонија, душата ми е преполнена со радост и пред премрежените очи гледам како се раздвижиле сите реки од Пчиња и Вардар до Места и Бистрица, заплускујат е целата македонска земја сакајќи да измијат од македонскиот народ десетвековниот ропски срам од пропасти на Самуиловата држава, за да се роди денеска нова, светла и слободна македонска држава.
Со овие зборови, изговорени со тих и трепетлив глас, Панко Брашнаров, учител од Велес и највозрасен член на Иницијативниот одбор за одржување на Првото заседание на АСНОМ, на 2 август 1944 година, во 17,15 часот го отвори историскиот собир на кој се поставени основите на македонската држава...

AБЕР ОД КРУШЕВО

Почетокот на едно патување е во мислата, во желбата да се направи нов чекор - чекор од машинеријата на секојдневието. Размислувајќи каде би можела да го најдам сето тоа што модерниот начин на живеење не може да ми го понуди, а тоа што ми го нуди, секојдневно ме троши, одлуката падна на Крушево. И не зажалив. Мојот ментален фолдер е сега збогатен со нови прекрасни фотографии, интересни приказни, убави доживувања.
Свиено како гнездо во Бушовата Планина, Крушево претставува највисока градска населба во земјава и е една од највисоките на Балканот. Кога ќе го направите првиот чекор на почвата на Крушево, вдишете длабоко. Наполнете ги градите со ретко квалитетен воздух, кој ви го нуди градот што се издига на надморска височина од 1.250 метри и кој нема развиена индустрија.
Вториот чекор е да заборавите на модерните елементи на вашето секојдневие: брзо живеење, сообраќаен хаос, модерни кафулиња, прегласна музика, ексклузивни бутици. Крушево е место за лезет кафе, ќеиф муабет, арно локумче и други салтанати…
 
 
  English
Macedonian